Мицкоски: Понудата за локалните избори ќе биде историски револуцонерна и ќе понуди решенија за многу проблеми, од инфраструктура до напредни зелени политики

Програмата на партијата за овие локални избори, ќе биде нова и револуционерна, која ќе содржи многу проекти особено во делот на еко-здрави општини и која се изработува со експерти од различни област, истакна на маргините на Политичката академија на Фондацијата Конрад Аденауер за „Потикнување на демократијата на локално ниво“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ова ќе биде историски револуционерна програма во која ќе има многу проекти коишто се од интерес на граѓаните, како што кажав ќе промовираме транспарентни, отчетни и еко-здрави средини, општини во Македонија, и тука секогаш сме биле неколку чекори пред нашите политички противници. Навистина сум шокиран кога гледам како еден член од владеачкото мнозинство се препелка барајќи го својот политички идентитет, најпрво како зелена партија, а потоа се префрла на националистички теми, а потоа некакви други теми, тотално сум конфузен и збунет вака кога ги гледам, другиве не можам ни да ги разберам, изобилуваат со многу раскол“, појасни Мицкоски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе излезе на овие избори со една револуционерна програма која ќе понуди „Македонија и нашата општина за сите луѓе“ и која програма ќе понуди решавање на реалните проблеми, од патишта и комуналната инфраструктура низ општините до напредни зелени политики.