
Во 17 часот денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се сретне со потпретседателите и со претставниците на политичките партии од коалицијата за Обнова на Македонија.
На средбата ќе се разговара за преговорите со Бугарија и можната блокада на патот на европските интеграции.
Ќе се носи заклучок кој ќе содржи јасни ставови во однос на преговорите со Бугарија и клучните прашања врзани со јазикот, историјата, идентитетот, положбата на македонското малцинство.
Оваа средба доаѓа откако премиерот Заев буквално ја исклучи јавноста и опозицијата од било каков процес на разговори и без национален консезус на ваквите стратешки прашања.
Сите општествени фактори од државава не се во тек со разговорите кои се однесуваат за европските интеграции, и посебноста на македонскиот јазик и нацијата.