Мицкоски: Потребно ни е помирување, толеранција и разбирање

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски мандатот на чело на најголемата партија во моментов во опозиција, го започна од црквата Свети Петнаесет Тивериополски мачениници, од каде што порача дека „денеска се помоливме пред светата икона на мајка Богородица – Брзапослушничка. Побаравме мир, спокојство за самиот себе за самите нас, за граѓаните во Република Македонија“.

Првиот ден од мандатот новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашното завршување на Конгресот во Валандово го посети храмот во Струмица, каде што се поклони пред иконата на Света Богородица брзопослушница која беше донесена минатата година од Света Гора. Иконата досега ја посетиле илјадници верници од регинот.

„Чудо, да бидеш за нас” доби Благослов новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ од струмичкиот свештеник при денешната посета на црквата „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“.

„Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, дел од тие одлуки некогаш знаат да бидат и погрешни, најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научиме на простување да посочуваме на грешките и истите да ги разбираме, а оние кои што грешат треба да научат да извлечат поука од грешките и истите да не ги повторуваат. Како народ и како граѓани на оваа држава ни е потребно помирување, толеранција и разбирање за сите останати. Јас одлучив денеска да го почнам мандатот како Претседател од ВМРО-ДПМНЕ од оваа свето место и да се помолам пред иконата на Мајка Богородица – Брзопослушничка, да побарам спокој за себе и спокој за сите граѓани во Република Македонија“, рече Мицкоски.

Вчерашниот избор во лидер на најголемата опозициска партија му го честиташе сестринска Европска народна партија (EPP). Од партијата посочија дека сега опозицијата ќе треба да работи во парламентот и заедно со власта да ги реализира неопходните реформи.

„Честитки до Христијан Мицкоски за неговиот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. На Македонија и треба силна опозицијата во парламентот за заеднички да се преземат неопходните реформи и да се решат проблемите кон евроатлантскиот пат“, се истакнува во честитката од европските конзервативци.

 

https://www.youtube.com/watch?v=ZuTcndwkLXw