Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ 2 изјави дека доколку префрлањето на предметите од СЈО во ОЈО е финта, тогаш со финти не се води држава и не нема право.
Правото не е финта и тука не можеме ние да ги користиме зборовите изигра, не изигра и така натаму. Со финти ние не можеме денеска да водиме политика. Тоа што го направи притвореничката, а понатаму она што го направи државниот јавен обвинител не содејствува на достојна примена на правото и законите во државата, вели Мицкоски.
Тој истакна дека во дописот од страна на државниот јавен обвинител кој што е резултат на притвореничката Катица Јанева признава дека СЈО преставува пара институција и дека во него се работи за уставната максима каде што треба да има едно државно јавно обвинителство и вертикална субординација, нешто што тој на многу прес конференции до сега го зборуваше.