![skafander mickoski, pendarovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/skafander-mickoski-pendarovski.jpg?resize=696%2C481&ssl=1)
Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан Мицкоски, повикувајќи го шефот на државата да застане зад правото, законите и Уставот.
-Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница, му порача Мицкоски.
Мицкоски порача дека пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршија законот поради „инаетот и фрустрацијата на еден човек, а обвинителството има можност првпат да покаже дека не се робови на Зоран Заев и владиното мнозинство“.
-Правда ќе има со ова или некое друго ослободено обвинителство. Сторителите ќе одговараат, Ви ветувам лично дека тие ќе одговараат од прв до последен, порача Мицкоски.