Мицкоски: Прочистувањето на ВМРО-ДПМНЕ беше потребно, а власта се самозалажува

Прочистувањето на партиските редови во опозициската партија му беше потребна на ВМРО-ДПМНЕ и таа не е задоцнета, туку дојде по природен пат, вели челникот на најголемата партија во замјата Христијан Мицскоски во интервјуто за порталот МКД.мк.

За наводниот криминал од поедини восокопозиционирани членови на партијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и за негово јавно изјаснување по ова прашање, порталот констатира дека тоа Мицкоски дефинитивно го кажал со исклучувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков од партијата, но опозицискиот челник не смета дека се задоцнети таквите одлуки.

„ Не мислам дека е задоцнето. Катарзата која му беше потребна на ВМРО-ДПМНЕ се случува по еден природен пат. На крајот од тој процес верувам дека партијата ќе стане посилна и подготвена за големи победи, спротивставувајќи се на катастрофално лошата власт која ја уништува нашата земја во секој поглед“, вели Мицкоски.

Меѓутоа, предупредува дека доколку власта смета оти се спасила избеегнувајќи ги предвремените избори, станува збор за самозалажување.

„Таму (во власта – з.р.) мислат дека само поради фактот што одбегнаа избори и на сила ги носат тие уставни амандмани дека државата ќе излегла од криза, тогаш длабоко се лажат. Тие со ваквото насилство, отворено корумпирање на пратеници и кршење на постулатите на демократијата државата ја туркаат во уште поголема криза. Нема уставните измени да ги спасат и поради тоа да ги задржат фотелјите. Напротив, народот многу брзо ќе ги стави на темната страна на историјата. Затоа ни е потребно силно ВМРО, а да се реорганизира партијата ќе ги направиме сите чекори за кои мислам дека се потребни. Нека не забораваат од власта дека ние сме ВМРО, а ВМРО било секогаш тука кога на Македонија ѝ било тоа потребно“, заклучува Мицкоски.