ВМРО-ДПМНЕ е партија која што има илјадници членови, со сопствен човечки потенцијал, луѓе кои што имаат сериозна трага во нивниот деловен, професионален и социјален аспект на делување во Република Македонија. Од тука ние го влечеме својот кадровски потенцијал, нормално тоа е менлива категорија, членовите на ИК често ротираат, така што во овој момент овој состав на ИК на партијата носи порака на нови луѓе, нови идеи, свежи идеи кои што ќе претстојат во периодот кој ќе следува. Периодот кој што следува, ни следуваат локални избори, партијата нормално се организира, изјави Мицкоски.
Тој кажа дека претседателот на партијата, Никола Груевски ужива целосна поддршка од Централниот комитет и Конгресот кој што го избра во 2015 година.
-ЦК пред два дена му даде легитимитет и го изгласа едногласно новиот состав на ИК. Така што оваа реорганизирана структура на ИК, на чело со претседателот на партијата, јас како нов генерален секретар чекориме кон новите локални избори, се разбира каде што очекуваме да извојуваме убедлива победа, како што тоа го правевме и во минатот во низа наврати, изјави Мицкоски.
Тој ја коментираше и изјавата на Заев каде што тој вели дека очекува освојување на голем број градоначалнички места, тој кажа дека е нормално секој политички субјект да тргнува триумфално и оптимистички, но за разлика од СДСМ тој кажа дека тие прават внатрепартиски сондажи, согледувања и детални анализи.
-Континуирано сме на терен, континуирано разговараме со граѓаните, ги перцепираме нивните очекувања и врз основа на тие очекувања ќе испрофилираме луѓе кој ќе излезат како победници во општините во кој што ќе ги кандидираме. Секако паралелен процес е и процесот на анкетирање . Во овој момент не би можел да кажам околу имињата ништо посебно, бидејќи овој процес на анализа се уште трае и внатрепартиски, но и според анкетите, така што многу скоро ќе почнат првите имиња да излегуваат, изјави Мицкоски.