Мицкоски: Сѐ што е добро за мојот народ и мојата држава, ние ќе поддржиме

Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце изјави дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ како и неговиот личен став како претседател на партијата за договорот за добрососедство останува ист и непроменет, односно како што рече тој се што е добро за Македонија и за македонските граѓани тој ќе поддржи, нагласувајќи дека никој не може да го убеди дека Гоце Делчев не е Македонец.

„Мојот став поврзан со договорот за добрососедство и тогаш и сега и во иднина ќе биде, се што е добар за мојот народ и мојата држава ние ќе поддржиме. Но, не е добро некој мене да ме уценува, условува, да ме притиска и да ми кажува дека Гоце Македонецот Делчев не бил Македонец. Не може мене да ме убеди некој дека Гоце Македонецот не е Македонец, не може мене да ме убеди некој дека македонскиот јазик не е посебен јазик и дека не е кодифициран и меѓународно признат и се изучува над преку 100 на Универзитети во светот, тоа никој не може да ме убеди, порача Мицкоски.

Македонецот Гоце Делчев се борел за македонска држава, за македонска независна држава. Ние говориме македонски јазик кој што е засебен и меѓународно признаат. Кој е тој политичар кој што ќе каже дека Даме Груев е човекот кој што ја формирал организацијата крајот на 19 век. Човекот кој што е творец на македонската борба за сопствена држава за пркосот непокорот и да кажеме дека не бил Македонец, кој е тој што ќе го каже тоа, праша Мицкоски.