Мицкоски се обврзува на здравје на граѓаните и почист воздух до 50-тина проценти

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски, клучен приоритет за граѓните на Македонија е чистиот воздух. Тој на денешната прес-конференција се заложи од позиција на власт да обезбедат 50 проценти почист воздух во нашата земја, без да ветува чуда.

-Притоа еден од клучните приоритети кој ќе го реализираме е чистиот воздух. Се обврзуваме на обнова која ќе донесе повеќе здравје, односно до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат од сега. Тоа подразбира намалување на загадувањето до минус 50-тина проценти. Ќе исполниме стратегија која ќе значи реализација на целосна гасификација на државата, создавање на услови гасот да биде достапен до секое домаќинство, и да стане широко распространет енергенс кој ќе се користи. Воедно тоа подразбира и користење од државните институции како и компаниите кои се загадувачи. Истовремено ќе инвестираме во зелени еко проекти и нови вложувања во екологијата. Сето ова сериозно ќе го намали загадувањето или најмалку до 50-тина проценти на крајот од мандатот од тоа што е состојба сега. Почист воздух за повеќе здравје. Се обврзуваме на обнова подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен  парк Миравци за складирање на енергијата, за прв пат изградба на таков проект во нашата држава. Ветерен парк Миравци кој што ќе располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност и производство на електрична енергија од 300 GWh. Системот за складирање на оваа електрична енергија ќе овозможи енергијата која што се произведува во периодите кога има вишоци да биде складирана и истата во периоди на недостаток да биде испорачанадо потрошувачите. Со што ќе бидат опфатени околу 6.000 домаќинства. Се обврзуваме на обнова која ќе подразбира целосна гасификација на медицинските центри во буквална смисла на зборот. Кои сега се големи загадувачи. Пред се ова подразбира гасификација на Клинички Центар во Скопје и болниците во Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола и Куманово. Под целосна гасификација се подразбира реконструкција на котларите во болниците и јавните установи со поголема потрошувачка на енергија со цел поставување на когенеративни постројки. Когенеративни постројки за пошироката јавност подразбираат постројки за производство на топлинската и електрична енергија. А, како нус производ и технолошка пареа за целосно еко работење на болниците. Се обврзуваме на обнова која подразбира целосна модернизација на РЕК Битола. Завршување проектот за модернизација на РЕК Битола и продолжување на векот на траење. Овој сложен проект опфаќа набавка на нова опрема за потребите на РЕК Битола, зголемување на нејзините капацитети и модернизација на работата, како и примена на целосни без исклучок и без компромис еко стандарди за намалување загадувањето на животната средина и целосно еколошко работење на комбинатот, истакна Мицкоски.