![silegov drva](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/silegov-drva.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, претседателот Христијан Мицкоски, истакна дека единствено она за кое се грижи Петре Шилегов е зголемување на својот личен имот, а лагите за тунелот под Кале, Луна паркот и мостот кој завршува во нечија дневна соба, покажува само дека аматеризмот на Шилегов е поголем од неговото неработење.
„Сообраќајниот хаос е последица на тоа што градот Скопје престана да се развива. Скопје четири години се дави во смет, во хаос, бетон и лажни надежи на градскиот татко. Лагите за тунелот под Кале кој непостои, новиот Луна парк кој не е допрен или мостот кој завршува во куќи и нечија дневна соба покажува дека аматеризмот на Шилегов е поголем од неговата неработа за Скопје“, рече Мицкоски.
Истакна дека единствено каде вистински се потрудиле градоначалниците од власта е во нивната трка за зголемување на личниот имот, каде што според него „Шилегов е шампион“.
„За нас ова е трка за модерно Скопје, за нив тоа е трка по моќ и функции“, посочи Мицкоски.