Здравјето нема цена и немаат основа заканите со казни доколку некој одбие да се а граѓаните нетреба да се плашат затоа ниту некој може да ги казни, ниту, пак, некој ќе ги казни, објасни Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.
„Здравјето нема цена. Ние ќе повикаме граѓаните да си го заштита здравјето, ако граѓаните се чувствуваат небезбедни, еве јас се чувствувам небезбеден да не отвораат врата. Нема тоа кривични пријави итн, тоа се се глупости. Тоа ништо не важи, нека не се плашат, ниту некој може да ги казни, ниту пак некој ќе ги казни. Чувајте си го луѓе здравјето затоа што животот нема реприза. Тоа што ние имаме неразумни луѓе ќе дојде таа одговорност порано или подоцна“, истакна Мицкоски.
Предупреди дека силата којашто ја применува актуелната власт може да предизвика само возвраќање со сила, додавајќи дека тогаш опозицијата ќе врати со „поголема сила и ќе победи“.
„На една од телевизиите директорот на Државниот завод за статистика Симовски рече дека и да не ни отвораат врата ќе ги вкрстат базите, можеби ќе бидат нецелосни податоците но дека ќе ги попишат сите. Тоа е еден нов вид примена на сила, насилиство. И како сакаат потоа конструктивна опозиција? Како сакаат опозицијата да биде конструктивна? Нема да биде опозицијата конструктивна. Еве, им кажувам, нема да биде опозицијата конструктивна и влегуваме во политичка криза. Нека продолжат насила да го туркаат процесот, влегуваме во политичка криза, па ајде да видиме кој ќе победи. Нека тераат на силата, сила раѓа, ајде да видиме до крај ќе одиме па да видиме чија сила ќе победи, дали на Симовски и Заев, или на опозицијата“, рече Мицкоски.