Мицкоски: Со новите мерки на Bладата нема реални намалувањa на цените

Со новите мерки на Bладата нема реални намалување на цените, оцени во саботата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и апелираше на што поскоро законските решенија да дојдат во собраниска процедура, кои неговата партија ќе ги поддржи за реално пред празниците граѓаните да почувстуваат намалени цени на производите.

При денешната посета на општина Аеродром на настанот „Твојата идеја за промени” претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на новите мерки на владата за намалување на цените на основните производи и дали има ефект и дали има реално намалување на цените истакна дека реално намачување нема, и повика што побргу законите да дојдат во собранието а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи за да може граѓаните пред празниците да ги почувствуваат  тие намалувања и да нема политички  надмудрувања и калкулации.

„Од тоа што јас го добивам како информација нема намалување на цените на основните производи очекувам конечно во парламент во процедура да пристигнат законите кои што повикавме да дојдат час поскоро и да ги поддржиме како што е на пример викенд без ДДВ за основните прехранбени производи за да можат нешто од нешто да видат граѓаните и да почувствуваат од тоа кое што ние го побаравме како опозиција а после многу натегања владата делумно го прифати. Затоа еве барам инсистирам побргу да ги достават законите да ги поддржиме да поминат тие закони за да можат барем пред празниците сега да можат граѓаните нешто да почувствуваат да нема надмудрувања и политички калкулирања. еве ние веднаш ќе ги поддржиме да им бидат на брза трака”, нагласи Мицкоски