Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Битола својот говор го започна со шега за Вице Заев, велејќи дека секаде низ Македонија каде и да оди има кандидат за градоначалници кои се мали зоранчиња, само во Битола велат Вице за градоначалник.
Мицкоски вели дека Битола му паднал на батето и сакаат да го прават Стентон град оти РЕК им бил интересот.
– Си се имаат поделено, еден град за него, еден за бате. Овој Битола му паднал на батето затоа што РЕК им би интересот и решиле од Битола да прават Стентон град. Рецептот им е Струмица, таму фамилијата главни, а овде стентоновци сакаат да бидат главни подизведувачи на овие од фамилијата Заеви, рече Мицкоски.