Мицкоски: Според Владата кризата завршува, тогаш зошто ново задолжување од фрапантни 700 милиони евра?

Власта спрема ново задолжување за нова кражба, предупредува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Нови фрапантни 700 милиони евра е еврообврзницата со која Владата на Заев сака да го задолжи народот, да ја покрие својата неспособност и да ги наполни личните партиски џебови. Претходно нѐ задолжија 2 милијарди евра, и што виде народот од тоа? Ништо.
Но и ова нема да им помогне. Народот врие.
П.С. Според Владата кризата завршува. Тогаш, зошто ново задолжување. Сега кој краде и кој лаже?, прашува Мицкоски.