Еден од двајцата сопственици кој што се жртва на овој рекет, на оваа изнуда, дојде кај мене во тој период и разговаравме. Ми го опиша настанот и му реков види, зашто јас ниту сум истражен орган, ниту можам некако да ти помогнам и го упатив во МВР да даде исказ, овие да ги согледаат наводите коишто тој ги дава во исказ и врз основа на тоа да постапат. Претпоставувам дека отишол тогаш во МВР дал исказ, и тој исказ е содржан во една од двете верзии кои што јас ги презентирав пред јавноста“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија.
Мицкоски додаде дека има две верзии на записник. Првата е откако еден од сопствениците дал исказ, МВР составило известување, а тоа известување достигнало во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и откако виделе дека таму се наоѓаат овие имиња кои што се поврзуваат со семејството на власт, отишле определени луѓе, постојат основани сомневање дека отишло лицето Лазе Велковски, ја земале првичната верзија од записникот и го корегирале. И потоа ја пратиле новата односно втората верзија на записникот од каде што тој дел каде што се споменуваат имиња на фамилијата блиска до власта го нема.
„Иако видите влезниот печат кај едниот и кај другиот документ се наоѓаат на различни делови од првата страна иако се со ист број“, укажа Мицкоски.