Мицкоски: Тоа што го прават СДСМ и Заев нема да ја однесе Македонија во Европа

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,во четвртокот  оствари средба со граѓаните во скопската општина Илинден, од каде што порача дека политиките кои ги спроведува власта предводена од СДСМ воопшто не ја приближуваат Македонија до Европската унија.

Истиот тој Зоран Заев, еднаш аболиран од Бранко Црвенковски еднаш од Катица Јанева, денеска зборува за аболиција. Замислете, човекот којшто е основоположник на аболицијата во Македонија, па има образ, наместо да излезе да се извини и да побара прошка од граѓаните, тој повторно го гледам на плоштадите ме напаѓа мене. Половина говор му е против мене и против политиките на ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателот Мицкоски од Илинден.

Порача дека тоа што го прави СДСМ и Заев нема да ја однесе Македонија во Европа, затоа што во Европа треба да одат луѓе кои се честити политичари, луѓе коишто заедно со честитиот народ, вреден народ одат кон Европа, a не луѓе кои со криминал го стекнале своето богатство и продолжуваат со несмалено темпо да прават криминал.