Мицкоски: Велешка „Питијада 2024“ е настан кој ја прославува богатата култура и гастрономија

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека присуствувал на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ кој е гурманска симфонија од вкусови.

-Вечерва присуствував во Велес кадешто се одржува традиционалната питијада, настан кој ја прославува богатата култура и гастрономија на нашиот регион. Оваа вечер е посветена на заедништвото и споделувањето на уникатни вкусови. Традиција која продолжува!, објави Мицкоски.