Мицкоски: Веруваме во младите и работиме да ја направиме Македонија подобро место за живеење

Ова е исклучително значаен ден, бидејќи ова нова списание коешто денеска го преомовираше својот прв број многу значи за ВМРО-ДПМНЕ и за Унијата на млади сили, и покажуваме дека како партија веруваме во младите и работиме да ја направиме Македонија подобро место за живеење, рече во обраќањето партискиот лидер Христијан Мицкоски на промоцијата на весникот „Мегафон“ гласник на подмладокот на партијата.

„Унијата на млади сили секогаш ја имала мојата поддршка и ќе ја има, бидејќи верувам во младите не само како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, туку и како педагог, како човек којшто овие млади луѓе ги образува на универзитет и единствената желба мене како професор, како нивен педагог ми е децата да не ја напуштаат Македонија, да останат тука и тука да ја градат својата иднина. А ние повозрасните, малку поискусните да им го пренесеме нашето знаење и искуство и да направиме од Македонија подобро место за живеење. Или да бидам уште попрецизен, различно од се она коешто денес, за жал, го живееме во Македонија и младите коишто го живеат во Македонија’“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, инаку во првиот број на „Мегафон“ има своја  колумна во којашто исктанува дека „поставуваме нов систем за којшто вреди да се бориш“.

„И навистина вреди да се бориш“, рече Мицкоски уште еднаш честитајќи и изразувајќи надеж дека и во наредните изданија на списанието ќе имаат ангажирани и квалитетни текстови како во првиот број.