Најавуваа четири викенди без ДДВ, а сега повторно се лажат граѓаните со еден викенд и тоа со ограничување, рече на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Септември помина за кога ги ветуваа четирите викенди без ДДВ, а денеска гледаме како на лажичка им се ветува на граѓаните дека само 1 наместо 4 викенди ќе се купува без ДДВ и тоа празничниот викенд. И нема да биде без ограничување како што ветуваа, ниту пак со намалени цени. Ќе има ограничување до 30.000 денари“, рече Мицкоски.