5.8 C
Skopje
вторник, јануари 28, 2025

Мицкоски: Владата е обезличена, со изгубен кредибилитет

Владата е обезличена, со изгубен кредибилитет, видлива е нејзината неспособност и запрепастувачко незнаење, напиша лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Во објавата Мицкоски информира дека штотуку остварил средба со граѓани во Охрид, градот на природните убавини, на словенската писменост, на богата и раскошна историја, но и градот, како што истакнува, во кој „силно се чуствува заевизмот, кој пред сѐ е неподнослива сиромаштија, криминал и корупција која расте и го јаде нашето општество, секој нејзин напреден елемент“.

„Охрид е на маргините на внимание на власта, нема перспектива, нема нови инвестиции. Единствените странски компании се оние кои се пристигнати од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сегашната власт стигна дотаму и да лажат за нивото на странските инвестиции. Она што го прикажуваат за рекордно ниво е всушност данокот на добивка на компаниите кои е прикажан поради данокот кој го зголемија на почетокот на годината. Реалните инвестиции се неколкукратно помали, вели Мицкоски

Челникот на ВМРО-ДПМНЕ исткана дека нема никакво напредок во македонскот општество со капитални инвестиции од само еден процент.

„Луѓето не живеат подобро, Македонија не оди напред. Неправдата е главниот двигател, а страдаат недолжните, оние кои чекаат живот тој никако да дојде. Охрид не заслужува да е на маргините, и треба да е во центарот на вниманието. Затоа потребно е да ја победиме оваа неправда и да се избориме за честита Македонија“, заклучува Мицкоски.