Помошта на Владата за македонскиот бизнис не само што е смешна, туку е и недоволна и навредлива, се губат 110 милиони евра а таа дава сеамо пет милиони, предупреди во средата опозицискиот лиден Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека на земјата ѝ претстои сериозна здравствена, санитарна и економска криза.
„„Владата мора да обезбеди бесплатни маски за граѓаните. Мора да ги казни компаниите кои пробуваат енормно да спечалат преку продажба на медицински препарати и средства. Да заштити од бран на покачувања на цените на основните производи. Мора да се погрижи за соодветни услови за одвивање на здравствената нега, но и воедно добивам загрижувачки податоци дека има ограничени количини на крв од само неколку дена што мора да се надмине што поскоро. Владата мора да ги награди и медицинскиот персонал, докторите, и сите останати служби што се на првата линија на борба со пандемијата. Тие мора да добијат почит за нивната храброст и посветеност“, рече Мицкоски.
Оцени дека економијата бара мерки со кои веќе сериозно се доцни, и поради тоа на темата се осврна поддетално.
„Средствата за придонеси и плати во директно погодените дејности што треба да се исплатат за еден месец изнесуваат околу 80-тина милиони евра. А тие компании во моментот, во месец март имаат заработка од НУЛА денари. Истите овие фирми треба да платат 15тина милиони евра ДДВ, а во месец март ќе повторам имаат приход од нула денари. Почнаа првите отпуштања на вработени и клуч на врата за компаниите. Да напоменам 70-тина проценти од овие компании се мали претпријатија од еден до десет вработени. Во клучните два месеци очекуваме негативното влијание во економијата да изнесува цели 220 милиони евра. Или месечно се губат по 110 милиони евра само по овој основ. И ова е најважното, денес владата излезе со пакет на мерки од некоја си кредитна линија во вредност од 5 милиони евра за компаниите, а тие губат по 110 милиони евра месечно. Помошта од кредитната линија од 5 милиони евра на владата во услови кога се губат 110 милиони евра, каде што нема за плати и придонеси, се затвораат фирми, не само што не е доволна, туку и смешна и навредлива“, појасни Мицкоски.