Документите ми ги даде свиркач. Чекавме од МВР да почнат со акција. Ама што чекавме. И сега сакаат да не убеадт дека лицата кои сликаат и земаат отисоци тие се виновни. Еве за Седат Пекер јас знаев каде точно се наоѓал и со кого се среќавал. Еве нека демантираат дека не се среќавал со лица од владата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисјата „Само интервју“, што се емитува на телевизија Канал 5. Притоа тој јасно побара да оговорат од власта дали мафијашот Седат Пекер имал средби со луѓе од владата.
„Пекер беше баран со потерница, 60 луѓе се упасени во Турција и прашањето е зошто е протеран на Косово а не во Турција каде што е баран. Косово му приредува велелепен пречек, а таму не го барале. Јас да бидам министер би се прашал зошто го испорачувам во Косово, не во Турција. Мора да се најде логиечн одговор“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека таквото постапување е „недозволиво во земјата да влезе балканска мафија, а власта да се однесува како што се однесува“.