Политичка тема која служи за деофкус од криминалот и пљачката која ја спроведува власта во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за двојазичноста на амблемите на полициските униформи.
Мицкоски истакна дека ова освен што е дефокус, на никој начин нема да го подобри стандардот на граѓаните на Македонија.
„Нема да го намали бројот на автобуси кои ја напушттаат Македонија со млади луѓе од Тетово Дебар, Гостивар, Струмица, Виница, Битола и тоа е уште еден обид преку поделба на народот да се сокрие пљачката која ја спроведува власта преводена од СДСМ и ДУИ“, потенцира Мицкоски.
Нагласи дека е вчудоневиден со каква леснотија овие политичари во владата го навредуваат и потценуваат народот мислејќи дека на тој начин ќе направат нешто со кое ќе ги покријат овие неуспеси.
„Но јас не мислам така, мислам дека граѓаните гласно ќе зборуваат на следните предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски.