Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е партија со државнички карактер која одговара на потребите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ е зрела политичка партија, којашто во себе го има државвничкиот карактер и секогаш предвид ги има потребите на граѓаните и на нејзините членови, изјви меѓу на другото лидерот на опозицската партија, Христијан Мицкоски во неделното интрвју за Радио Слободна Европа.

„Би рекол дека ВМРО-ДПМНЕ е автентична опозиција. Партијата е најоргазирана политичка партија во земјата. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била авангарда, двигател на политичките случувања во Република Македонија, така впрочем се однесува и сега, така ќе се однсува и во иднина“, рече лидерот на најголемата опозициска партија Христјан Мицкоски, во разговорот за Радио Слободна Европа , одговарајќи на прашањето за оцените за позоицијата на партијата откако тој застана на нејзиното чело.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто, во прв ред, со својата автентичност одговара на потребите на граѓаните, на нејзиното членство и нејзините многубројни поддржувачи и активисти.

„Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е зрела политичка партија, најзрела на македонската политичка партија. На моменти покажува пркос, но секако паралелно со својот автентичен државички карктер што самата партиија во себе го има“, додаде Мицкоски,