9.8 C
Skopje
недела, март 2, 2025

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го порази СДСМ со целата нивна коалиција

Само година и половина од власта на СДМС на локално ниво, на првиот круг од претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ ја порази власта со сета нејзина коалиција и кога сега би имале локални избори би освоииле 47 градоначалници, рече лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во текот ан вечерашнови гостување на телевизијата 24.

ВМРО-ДПМНЕ го порази секаде СДСМ во Македонија, односно Коалицијата на СДСМ ако од таа коалиција ги усклучиме овие партии кои што одлучија да им се придружат и да го поддржат нивниот кандидат како ДУИ, ДПА кои традиционално не се дел од таа коалиција, рече претседателот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“.

Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ успеја да ја порази коалицијата на СДСМ во 47 општини во Република Македонија.

Кога ние би имале една асимулација на локални избори ВМРО-ДПМНЕ би освоило најмалку 43 градоначалници, година и половина после локалните избори, истакна Мицкоски.

Рече дека доколку се зборува од математички аспект тогаш се гледа дека апсолутен губутник на овие избори е Зоран Заев и СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 42,5 отсто од гласовите на избирачите кои излегле на гласање, а на пример во 2004 годи Сашо Кедев освои 34 отсто од гласовите, а претходно покојниот претседател Борис Трајковски освои 31 отсто од гласови во 1999 година“, посочи Мицкоски.