Дебакалот на македонската дипломатија којашто ја предводеше овој министер кој што се срами од искомплексираноста на македонската нација е евидентен и е крунисан со Преспанскиот договор.
И покрај целокупниот оној „boost“ што се случуваше затоа што кога во еден момент ние апелиравме немојте луѓе да го вадите процесот од ОН, они го извадија, појасни Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при самото гостување на емисија на МТВ.
Мицкоски рече дека како партијамногу совети дадовме, а ниту еден не послушаа.
„И направија тоа што направија. Односно го завршија процесот како што го завршија. Јас нема да седам во топлинки дома и да пишувам патриотски мотивирачки статуси на ФБ и на социјалниве мрежи. Нити пак ќе ветувам нешто што сакаат да го слушаат луѓето. Напротив ќе кажам дека се обврзувам и можам да ветам кога ќе ја добиеме довербата, а ќе ја добиеме следните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ овој процес да го измени, нагласи Мицкоски.
Лидерот на најголемата опозициска партија кажа дека ВМРО ДПМНЕ ќе направи сѐ за да ја измени неправдата со договорот со Грција. Мицкоски истакна дека македонската дипломатија водена од министерот за надворешна работи, Никола Димитров, ко што се срами како што вели тој од искомплексираната нација доживеала дебалк.
„Дебаклот на македонската дипломатија која што ја предводеше министерот кој што се срами од искомплексираната нација е евидентен и тој беше крунисан со договорот од Преспа“, рече кажа Мицкоски.
Потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ нема да ветува работи коишто нема да ги исполни, но напомена дека се обврзува и може да вети дека кога партијата ќе ја добие довербата од граѓаните ќе стори се што е во нејзина моќ овој процес да го измени.