Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини владата за пристапот во борбата со пандемијата на ковид-19.
Според него, за Владата на Заев, Франција и Германија кои преземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од ковид заразата прават грешка и се ретроградни, затоа што нашата Влада не презема ништо за да спаси животи.
„Болните со хронични болести сѐ уште задолжително одат на работа, ако не ги убие короната, тука е загадениот воздух кој по 4 години Влада на Заев сѐ уште не е алпски чист како што ветуваа. Го нема ајрото. Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа. 862 новозаразени и 14 починати. Што направи Владата? Владата не прави ништо, парада, се занимава со опозицијата, се дави во својата неспособност“, пишува Мицкоски на Фејсбук.