Тука во Бутел проектите еден по еден се реализираат од тоа што беше ветувано. Минатата недела едно игралиште веќе е во функција пуштено веќе се користи и тоа посебно ме радува бидејќи континуирано бутелчани го користат тоа прво игралиште, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој беше присутен на отворање на ново игралиште.
-Еве и второто игралиште денеска тука почнува со користење. Овие две игралишта се направени со онолкав буџет колку што минатиот градоначалник успеал да направи едно игралиште. Значи ние, а и Дарко и неговиот тим не магионичар, туку само работи чесно, посветено и со средствата кои што во минатото биле трошени за еден проект, тој успева да сработи два проекта заедно со неговиот тим и тоа е за честитање и за пофалба. Ќе ве потсетам дека минатата недела најавивме почеток на изградбата на детската градинка во Бутел за месец и половина од денеска, во тек е изградбата на Основното училиште во Визбегово, завршен е тендерот кој што Градот Скопје ќе го инвестира овде а тоа е Бутелска, и така натаму продолжуваат проектите да се работат насекаде Скопје и видливо е тоа по мерењето на јавното мислење кај граѓаните, тие се задоволни од градоначалниците во општините и ние мора да покажеме дека не се сите исти, дека народот не треба да се разочарува, не треба да губи верба затоа што подобрите времиња допрва доаѓаат, рече тој.
Мицкоски понатаму истакна:
„Покажуваме што значи работа, што значи промени на локално ниво, тоа наскоро после предвремените парламентарни избори оваа политичка партија со овој тим на млади мотивирани и чесни луѓе ќе го направи на државно ниво насекаде низ Македонија. Многу проекти, многу посветеност, многу работа, мотивирани и храбри луѓе се прифаќаат во костец со проблемите да ги решаваат а јас мислам дека овој тим на ВМРО-ДПМНЕ е токму таков. Млади градоначалници, енергични, спој со искуството и мислам дека тука ќе имаме успех се разбира кој што ќе дојде без дилема“.
-Така што уште еднаш мојата порака до граѓаните е допрва доаѓаат убавите денови, немојте да губите надеж, оваа криминална влада е на одење, наскоро од денеска ќе има предвремени парламентарни избори, ни треба општествено обединување околу ВМРО-ДПМНЕ ЗА промени, работа и проекти, вели Мицкоски