Мицкоски во CNN: Продуктивна средба со Ричард Квест и Фил Нелсон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во седиштето на телевизијата CNN остварил продуктивна средба со познатиот новинар Ричард Квест и Фил Нелсон, извршен потпретседател на американската глобално влијателна телевизиска корпорација.

„Направив краток брифинг за актуелната политичка состојба и позициите на Македонија и разговор за можностите за промоција на капацитетите и потенцијалите на државата на овој угледен и реномиран медиум“, објави Мицкоски на Facebook.