9.8 C
Skopje
понеделник, декември 2, 2024

Мицкоски: Во Македонија владее комплетно црнило и уништување на државата парче по парче

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, оствари во петокот средба со членовите и граѓаните на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица.

Мицкоски на средбата се осврна на повеќе аспекти кои се значајни за граѓаните на Република Македонија. Тој најпрво истакна дека актуелното раководство на владата на СДСМ наместо проекти и реформи кои им ги ветуваа на граѓаните, им донеле црнила, омраза и гнев.

Имаме премиер кој бега од дебата, а бега затоа што: Црн е животот на докторите. Им ветуваа на докторите плата од 1500 евра, и нема ништо од тоа.Црн живот и за матичните лекари. Капитацијата што им ја ветуваа им ги изедоа трошоците на владата за набавка на жардињери и цвеќиња, па нема зголемен бод. Црн е животот на младите. Ветуваа студентски град, нови објекти, квалитетно образование. Ништо од тоа нема. Нема Стопанска комора, нема бизнисмен кој се фали. Црно до црно. Повратот на ДДВ касни, зголемените даноци ќе ги зголеми трошоците за бизнис.Домашното стопанство е во криза. Црни денови се и за пензионерите. Нема покачување на пензиите, напротив се по некое намалување или кратење ќе се случи, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, државата доживува колапс и фијаско од Зоран Заев, потенцирајќи дека во моментот Република Македонија ја води премиер кој што не знае ни што зборува, ниту пак што прави, односно како што рече тој Зоран Заев не може самиот себе да се организира а камоли да ги организира и води институциите.

Имаме реални проблеми во државата, затоа што имаме влада која практично не знае да управува со државата. Влада кој што не знае себеси да се организира, а камоли, пак, да ги организира институциите во државата. Вие гледате премиер којшто на дневна основа излегува со изјави а потоа неговиот центар за пропаганда и лаги преку министерот за пропаганда и лаги, два-трипати го дообјаснува, не сакаше премиерот тоа да го каже, сакаше ова да го каже. Практично ние имаме еден тотален хаос којшто ни се случува во државата и тоа го кажав многу наврати  во минатото  и сега сакам да го повторам, практично ние ја губиме во моментот државата, изјави Мицкоски.

Го спомена и бегањето на Зоран Заев од јавно соочување пред граѓаните на Република Македонија, потенцирајќи дека Заев бега затоа што нема оправдување за неговата неспособност и неработење.

-одготвен сум и за ова да излезам и да дебатирам и затоа го повикав пред некој ден бидејќи како опозиционер се силеше, викаше, се удираше во градите и викаше ајде ред е во една држава во еден плурален демократски амбиент да имаме дебата помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата, затоа и пред некој ден го повикав пред платото на Владата на Република Македонија на оној протестен марш, ајде реков почитуван премиер да излеземе јас и ти, очи во очи бирај ти место каде сакаш, бирај новинари, бирај теми на коишто сакаш да разговараме. Еве ќе разговараме заедно и за нашите вмро-вски работи коишто гледам овие новинари кои го поддржуваат него и неговите политики многу сакаат да разговараат за нашите вмровски работи, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски пред присутните објасни дека наместо владата на СДСМ да се фокусира на решавање на реалните проблеми и потреби на граѓаните за подобар и поквалитетен живот, тие се занимаваат со бегството на Груевски, додавајќи дека денес во  Македонија владее комплетно црнило и уништување на државата парче по парче.

Зошто пишал овој писмо, зошто овој му одговорил на овој со ваков совет, кој го плаќал возилото на Груевски во Будимпешта, а никој не гледа дека ние практично денеска имаме едно комплетно црнило и сето она кое што нас  ни се случува во државата во било која сфера е само порази и уништувања парче по парче, заврши Миц