Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе биде во работна посета на општината Ѓорче Петров.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека денес (16.05.2022) во 11:00 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, ќе извршат увид во градежните активности на ул. „Манчу Матак“ во Општина Ѓорче Петров.
Во 11:20 часот изјава за медиуми ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски, а целиот настан ќе го пренесуваме во живо.