Мицкоски во посета на Виена – средба со македонски иселеници во Австријa

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со делегација предводена од потпретседателите Тимчо Муцунски и Александар Николоски како и стратешкиот соработник за меѓународна политика, Викторија Трајков се во посета на Виена, Република Австрија.

Во текот на денот тие ќе остварат средба со Каролина Едстадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, потоа со Мајкл Отер, претседател на Стопанска Комора на Австрија и Александер Шаленберг, министер за надворешни работи на Република Австрија.

Исто така Мицкоски со делегацијата денес ќе остварат и средба со македонските иселеници кои живеат во Австрија.