6.8 C
Skopje
петок, декември 27, 2024

Мицкоски: Во ред се убавите зборови од ЕУ, но нека го тргнат билатералниот спор со Бугарија од преговарачката рамка за Македонија  

Мицкоски за изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц посочи дека вакви убави зборови и вакви шармирања гледаме повеќе од две децении откако почна нашиот пат кон ЕУ со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација или повеќе од три децении откако сме независна држава, но секогаш од нас се бараат отстапки.

„Секогаш во име на таа иднина ние правевме некакви отстапки и секогаш сме ние тие кои како народ, држава, политичари треба да прифатиме, да дадеме нешто во име на таа европска иднина, Тезата дека канцеларот Шолц, поентата му е дека не сака нови барања, верувам дека не сака, верувам и дека Борел не сака, но знам кој сака а тие се јавија неколку дена претходно, Јотова и Радев кои кажаа дека ова е само отворање на вратата на проблемите ,а потоа има уште многу проблеми кои се прифатени, а кои се дел од Договорот и протоколот, рее Мицкоски.

Мицкоски изјави дека за да бидат македонските граѓани убедени во те убави зборови од ЕУ, еве на следниот состанок на Европскиот Совет нека донесат нов заклучок во кој ќе тргнат од драфт работната верзија на преговарачката рамка, бидејќи уште не е презентирана, оној дел каде што стои билатералниот договор со Софија.

„Бидејќи ниту еден кандидат за земја членка во ЕУ, таков услов немал. Да останеа Копенхагеншките критериуми, чуму имаше потреба да се става и билатералниот договор, ако навистина никој нема проблем со македонскиот идентитет, јазик? Правилото во ЕУ е правило на едногласност и се додека постои имаме право да се сомневаме на добрите намери од Софија“, рече Мицкоски.