Мицкоски: За да ја одбраниме државата потребна ни е довербата од народот

ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила во Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ оди да победи на сите избори, вклучително и на претседателските и тука нема дилема, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа.

Но, за да биде триумфот поголем, и за да не се случи дополнителното губење на Република Македонија, за да не се случи имплементирање на платформи на туѓи земји, за да не се случи реформулирање на Република Македонија, државното уредување на Македонија, потребна ни е довербата од народот. Само на тој начин, ние како ВМРО-ДПМНЕ може да застанеме пред народот и да кажеме, ние сега ќе ја браниме Република Македонија на начин на кој знаеме и умееме да ја одбраниме, рече Мицкоски.

Потсети дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција е ограничена да направи нешто за да го коригира тоа што „насилнички го прави Владата“, којашто ги има сите инструменти.

Мицкоски посочи дека идниот кандидат за претседател од партијата треба, во прв ред, „да ја сака својата татковина“ Република Македонија. Образложи дека тој често го употребува зборот честит, тоа е многу важна карактерна особина кај човек лично кога би го прашале, кога тој би одлучувал за избор на претседателски кандидат. Знаете вие дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има конвенција таа има 550 кандидати, луѓето кои што ќе се пријават на конкурсот ќе имаат можност својата програма да ја претстават пред членството итн.

Но пред се мојот глас за да го заслужи претседателскиот кандидат треба да е честит, треба да е почитуван од средината, треба да е семеен човек, треба да е човек од збор, човек кому зборот му тежи, човек кому зборот му значи во животот. Односно тоа што ќе го вети тоа и го остварува. Човек кој што не манипулира, човек кој што не лаже и човек кој што си ја сака својата земја Република Македонија, нагласи Мицкоски.