Мицкоски за ДВ: Неразумен е текстот на предлог-иницијативата за уставни измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за „Дојче Веле“ го оценува како неприфатлив текстот на предлог-иницијативата за уставни измени, кој Владата го испрати во Собранието за натамошна постапка.

„Владата дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинираше текст за уставните измени кој не само што не е прифатлив, туку можам да кажам дека е тотално неразумен, и ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон полноправно членството во ЕУ. И баш би сакал сега да го слушнам оправдувањето од Владата- во кој дел од заклучоците од Советот на ЕУ, во кој дел на преговарачката рамка, и во кој дел на протоколот, овој текст на овие уставни измени е содржан“, рече Мицкоски.

„Причините зошто таквите измени се неприфатливи се повеќеслојни, и пред сѐ, врзани со непостоењето на никакви гаранции дека ова ќе биде последната отстапка на патот кон ЕУ што Македонија треба да ја направи и отсуството на механизми за заштита на идентитетските прашања, како и понатамошни други теми кои може да се отворат со прифаќањето на измените, особено во делот на активната работа на Комитетот за односите меѓу заедниците. Се чини дека доколку и оваа брана се пробие, утре нема ништо да го запре источниот сосед, врз основа на имагинарни бројки да бара и квоти за вработување на Бугарите, соодветна и правична застапеност и ред други барања кои ќе бидат производ на политиката, а не на реалните потреби“, објасни лидерот на опозицијата.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.