Мицкоски за истрагите на ОЛАФ: Сите тие кои злоупотребиле и денар било да се тоа народни или европски пари ќе бидат изведени пред лицето на правдата

Ја видов статистиката дека половина од случаите на надлежната европска агенција која истражува корупција, ОЛАФ се однесуваат за Македонија. Ние за тоа зборуваме шест години, дека оваа Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ силно е вплеткана во криминал и корупција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Петровец.

„Добро е што на нашите партнери од Европа им станува се појасно и добро е и тие што ќе се занимаат со оваа истрага, а идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и органите кои таа влада ќе ги има под свое управување сакаат заедно со оваа агенција да истражуваат“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека во иднина сите индиции за злоупотреба ќе се истражат.
„Сите тие кои злоупотребиле и денар било да се тоа народни или европски пари да бидат изведени пред лицето на правдата, а за индиции за таков криминал имаме во стотици случаи“, кажа Мицкоски.