2.8 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2024

Мицкоски: За само една година, власта го задолжи секое семејство за 77.500 денари, a долгот e зголемен за нови 630 милиони евра

Нов долг за секое четиричлено семејство од 77.500 денари за само една година.
Како ја завршивме економски 2021 година:
– Приходи во буџет околу 3,55 милијарди €
– Расходи во буџет околу 4,18 милијарди €
Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди € или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони €, стои во Фејсбук статусот на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој напиша дека проектираниот бруто домашен производ за 2021 година бил 11,714 милијарди € што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260€ или за 77.500 денари.