„Зоран Заев повеќе сакал да се види со премиерот на Владата на нашиот источен сосед, наместо лидерска средба и сите заедно да постигнеме национален и државен консензус со заштитени национални и државни интереси, а потоа да настапиме со аргументи во разговорите за клучните прашања со соседна Бугарија“, стои во Фејсбук статусот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски.
– Можам да го разберам Зоран Заев зошто бега од лидерска средба. Тој е политичар со концесии, а јас концесии немам. Зоран Заев има ветувања кон високи политички кругови во соседна Бугарија (https://plusinfo.mk/stanishev-na-dobro-za-bugari-a-e…/). Тој е човек кој би тргувал со сѐ, а јас по ниту една цена нема да се сложам на асимилација на македонскиот народ. Зоран Заев не сака лидерска средба затоа што пред Владата изнесов јасен и прецизен став за неменување на Уставот, за посебноста на јазикот, идентитетот и правата на македонското малцинство. Заев не го слушнавме тоа да го направи,пишува тој.
– И конечно, проектот СДСМ и Зоран Заев заврши!
п.с. Да потсетам, во време кога поради неспособната влада имаме 30 до 40 починати дневно од Корона, истата таа власт на Заев распиша избори во Штип и Пласница каде самата, како во Северна Кореја, ќе си гласа градоначалници. Нека им е со среќа, но ниту еден загубен човечки живот не е помалку вреден од политичката кариера на Зоран Заев, вели тој.