
Во текот на синоќешниот дуел меѓу лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев и челникот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, ХристијанМицкоски, во контекст на бизнисите на власта и нејзините криминали, Мицкоски во еден момент спомена дека по 12-ти април ќе се види и зошто одеднаш речиси сите вештачки езера во Македонија останаа без вода.
Кога се очекуваше за ова да се отвори рзговор во поширока смисла, дебатата отиде во друга насока и разговорот не се прошири.
Со оглед на тоа што истекувањето на водата од хидроцентралите е поврзано со бизнисот со енергетика, се наметнува дилемата што е тоа надвор од природата што ги остави македонските езера без вода, нешто што Мицкоски очигледно го знае или претопставува.
Патем, денес по социјалните мрежи се споделува дека и Дебарското Езеро се повлекува.