Мицкоски: Жалам што Филипче одбра да му служи на Заев, наместо на народот, поради негрижата на владата умираат луѓе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Клан Дебата на ТВ КЛАН, вели дека министерот за здравство Венко Филипче одбрал да му слугува на Зоран Заев и владата, а како резултат на нивната негрижа и институциите кои што ги менаџира владата секојдневно се зголемува бројот на починати од корона вирус.

– Јас навистина жалам што господинот Филипче одбрал да до крај слугува на погрешни луѓе, сепак мислам дека е врвен професионалец и човек кој што ако се држи до тоа кое што знае најдобро да го работи ќе биде успешен. Но, за жал сега влегува во една втора фаза од неговото министерување кога практично од грешка во грешка влегува, од ден на ден влегува и јас ќе се обидам него толку да не го коментирам во денешното интервју, повеќе ќе го коментирам практично неговиот наредбодавач, а тоа се знае кој е тоа е Зоран Заев и оваа влада предводена од Зоран Заев, вели Мицкоски и додаде:

– Зошто сето ова го споменувам? Затоа што погрешни се политиките кои што се однесуваат на справување со КОВИД пандемијата од самиот почеток. Денеска ова е само последица на овие погрешни политики бидејќи ништо суштински не е направено, а времето е загубено. Времето е загубено поради една причина што првиот бран се злоупотреби во политички цели, да истиот се политизира, да се задолжи Македонија една милијарда евра, граѓаните на нашата држава да се задолжат од прилика една милијарда евра што тоа го покажува и денешниот најнов дијаграм објавен од страна на Министерството за финансии, да се зголеми енормно долгот а сето тоа да се инстументализира во насока на поткуп на предвреме завршените парламентарни избори. И потоа наместо да се подготвувавме ние за овој втор бран, ние рефлектиравме во јавноста изјави од типот немојте да се грижите, подготвени сме, ја следиме ситуацијата, подготвени ќе го пречекаме вториот бран и еве го вториот бран дојде, денеска имаме 21 граѓанин помалку во Македонија, и тука нема етничка припадност, дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми умираат поради негрижата од страна на оваа влада и институциите кои ги менаџира оваа влада. Имаме од прилика 42,6 проценти лица инфицирани виз а ви од тие што се тестирани, би реколе дека е повеќе од најголемиот пик во Бергама и во Шпанија што го гледавме во оној прв бран кој што се случуваше оваа пролет.