Македонија е забетонирана на дното со најголем пад во економијата, коментираше на својот фејсбук профил, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предупредувајќи дека на таквиот тренд мора да му се стави крајот.
„Почитувани сограѓани, животот што ни го донесе Зоран Заев нѐ забетонира силно на дното. Ова вака веќе не може, не смее и мора да сопре, на ова мора да му кажеме доста е…, на 15 октомври да му ставиме крај на овој ужас што ни се случува“, пишува Мицкоски.
Коментирајќи го извештајот на tradingegonomics.com, пратеникот Илија Димовски, пак, забележува дека „во едни други времиња бевме први по големината на растот на нашата економија, сега сме прво по големината на падот… Ова е катастрога во најава…“