Мицковски: Катастрофа од држава, се насетуваше нешто преглупо и дека работата смрди

Испадна бурлеска во која државата и институциите испаднаа смешни и неспособни, смета Ивор Мицковски откако денеска попладне поранешниот шеф на УБВ Сашо Мијалков по кого се трагаше два дена се појави во обвинителството за организиран криминал и корупција да си го подигне решението за куќен притвор.

-Трагикомедија од невидени размери, се насетуваше нешто преглупо и дека работата смрди.
Катастрофа од држава, пишува Мицковски.