Мицковски: Од загадениот воздух над 150 деца се хоспитализирани на Клиника

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања поради загадениот воздух, пишува на својот фејсбук профил новинарот Ивор Мицковски.

Ниту една конкретна мерка не презедоа, шминка до шминка, алиби до алиби. Домаќинствата биле, не можеле ништо, ќе требале години, а кога требаше да дојдат на власт, ветувања, ќе се мерело, ќе се возело еколошки, немало градби да има.
Па Град Скопје со таа градба кај Јужен, го загади градот за уште толку. Насекаде се гради ко лудо, додека сте договорени со градежна мафија да раскажувате како имало пад во градбата, па уште на цел памет да изјавувате дека слободна механизација немало да остане оваа година. Цела држава е депонија, цела држава ја загадуваат неколку големи газди и ништо не правите, освен пред избори да им поделите на градоначалници пари наводно да преместат депонии еден километар. Дрисла ќе ја затваравте, Дрисла ве ј***ла, се што кажавте излажавте. Една шајка не тргнавте од СК 2014-та, очи и слух немате за никаква сугестија, узурпација на јавен простор оставивте, една тераса не тргнавте, барокот им го доградувате и сервисирате. Како не ви е срам, вие не сте власт, вие сте корумпирани гниди кои го оправдувате и легитимирате режимот и неговите симболи. Вие немате ефективна власт, прво зошто сте неспособни, второ зошто немате никаков културен хоризонт и вредносен систем, вас ве занима само да товарите магарето и да раскажувате приказни. Градот се распаѓа, буквално, вие го доуништувате тоа што требаше да почне да се менува и спасува. Ма што се објаснувам бе ја, реалноста е пред очите на сите, каков пропалитет сте вие, заклучува Мицковски.