Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјанкос Мицотакис, на состанокот со новите партиски секретари рече дека неговата процена е дека на 26 мај, заедно со евроизборите ќе се одржат и парламентарни избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
– Пред нас имаме многу работа, имаме нешто повеќе од 100 дена до денот на изборите на 26 мај бидејќи знаеме со сигурност дека тогаш ќе се одржат избори. Мојата процена е дека ќе имаме и национални избори кои ќе се совпаднат со евроизборите, рече Мицотакис порачувајќи им на новите секретари на партијата дека пред нив имаат многу работа во сите области.
МИА