Мицкоски вети дека ќе дојде ден кога надлежените ќе одговараат за криминалниот тендер за надзорот на Коридорот 8

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета во Бутел, запрашан како го коментира настанот во Тетово за поставувањето на камен темелник на Коридорот 8, потенцираше дека надлежните за овој криминален тендер денеска требало да дават исказ пред јавно обвинителство. Тој порача дека, иако надлежните имале други планови, ќе дојде тој ден кога тие ќе одговараат за целиот овој криминал.
-Јас очекував да тие, надлежните за овој криминален тендер за надзорот и супервизијата, денес ќе даваат исказ во обвинителство, ама очигледно дека тие имале други планови. Но, ќе дојде денот кога и исказ ќе дадат, верувајте. Бидејќи да се потрошат 30 милиони евра народни пари, да се фрлат во ветер во компанија со сомнителен капитал од Истокот, на чиј подизведувач главна и основна дејност му е производство на долен веш, навистина претставува премногу. Еден ден ќе дојде, јас ви ветувам, ќе дојде денот кога овие луѓе ќе даваат исказ пред јавен обвинител, потенцираше Мицкоски.