Сингапурското министерство за здравство соопшти во средата дека потврдило уште 1.016 случаи на зараза со коронавирусот, поради што вкупниот број заразени се оскаќи на 10.141, од што повеќето со странските работници во работничките населби.
Речиси сите случаи кои се пријавени во текот на април се однесуваат на домовите за живеење на мигрантските работници, населби во коишто живеат околу 200.000 од вкупно 1,4 милиони странски работници.
Средата е третиот ден по ред како Сингапур пријавува над 1.000 нови случаи на зараза. Сингапурските власти во вторникот го продолжија делумниот карантин до 1-ви јуни.
Растечкиот бран на заразите меѓу големата мигрантска работна популација во Сингапур е заканува да го наруши досегашниот успех во борбата со коронавирусот на тамошните власти. Сингапур досега затвори неколку вакви домовои, додека владата спроведува масовни тестирања и се обидува да ги пресели здравите работници, но се појавуваат прашањата зошто порано не било сторено повеќе за да бидат заштитени.
Сингапур, богатиот град држава со 5,8 милиони жители ја има една од најниските стапки на починати од коронавирусот во светот – 11, што е многу помалку од соседните Индонезиај со 635 и Филипини со 446 починати.
Индонезија, со популација од 270 милиони луѓе, официјално потврди 7.418 случаи на зараза, додека Филипини со над 100 милиони луѓе, има регистрирано 6.710 случаи.