Михајловиќ излезе од болница во добра состојба!

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ излезе од болницата по вториот циклус на лекување на леукемијата, а медиумите објавија дека Србинот се чувствува многу добро.

Михајловиќ во 2019 година за првпат откри дека има леукемија и ја изненади јавноста со соопштението дека се повлекува од спортот, но 53-годишниот тренер се врати на фудбалот.

Сепак, во 2022 година Михајловиќ повторно доби лоши вести, па мораше да оди на дополнителни терапии, по кои се чувствува многу подобро.

Михајловиќ како професионалец играше од 1986 до 2006 година, а за репрезентацијата на Југославија одигра 63 меча и постигна 10 голови, додека како тренер работеше во Катанија, Фиорентина, Милан, Сампдорија и неколку други тимови.