Михаел Мартенс: Мицкоски во интервјуто не го користеше официјалното државно име „Северна Македонија“, туку постојано ја нарекуваше својата земја „Македонија“

Новинарот на ФАЦ, Михаел Мартенс, што го правеше интервјуто веле со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и по испратениот демант се корегира, кажувајќи дека Христијан Мицкоски никогаш не го користел името Северна Македонија, туку Македонија.

„Забелешка: Мицкоски во текот на целото интервју никогаш не го користеше официјалното државно име „Северна Македонија“, туку постојано ја нарекуваше својата земја под нејзиното старо име „Македонија“. Ќе биде интересно да се види како ќе реагира Грција доколку ова го направи Мицкоски и како премиер“, пишува на Твитер новинарот Михаел Мартенс.