
Екс-директорор на УБК, Сашо Мијалков за „Прес 24“ вели дека дека со Љубе Бошкоски се поздравиле од култура, а не како знак на извинување.
-Прашање на култура и на бон-тон е поздравување кога ќе поминете покрај некого што го познавате. Доколку некој ги прескокнал овие фази од воспитувањето, тоа е негов личен хендикеп. Не сум му се извинил на Љубе Бошкоски ниту има причина за извинување. Институциите си постапуваа по обвиненијата за криминалот што го имаше сторено и колку што следам, тој процес е затворен со докази. Демохристијанските вредности налагаат да се извини тој што лажел и клеветел заради некаква корист. Во духот на овие вредности јас го прифатив извинувањето што Љубе Бошкоски ми го упати пред повеќе од шест години и се надевам дека во иднина ќе внимава и нема да изнесува лаги во јавноста, вели Мијалков за „Прес 24“.
Инаку во 2011-та година, Бошковски му е извини на Мијалков за тогашните клевети и навреди.