Правата на малцинствата се задоволени, онаму каде има над 20 проценти Албанците имаат двојазичност. Сметам дека со воведување на двојазичност на целата територија ќе навлеземе директно во едно црно сценарио, кое директно води кон федерализација на Македонија, вели Дарко Мијалковски.
„Албанците нема да имаат голем бенефит доколку во Гевгелија, Демир Хисар или на било кое место на кое не живеат Албанци се воведе двојазичност. Тоа нема да донесе корист, сметам дека треба да се отфрли, барањето е преголемо и цената е превисока. Не постои земја во светот каде малцинството ги носи правилата по коишто ќе живее мнозинството, тоа е она што во моментов се наметнува во Македонија и треба јасно да се каже не“, смета Мијалковски.
Виктор Петров Викса и Дарко Мијалков гостуваа во ОКО на ТВ НОВА каде зборуваа за политиката, јавниот живот и кариерата.